Фон дер Лајен: Меѓународната заедница мора веднаш да помогне во обновата на Украина
Меѓународната заедница не смее да губи време, мора веднаш да помогне Украина брзо да ја обнови земјата, изјави денеска во Берлин, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа наведе дека Европската Унија е подготвена да ги координира мерките за реконструкција преку секретаријатот на Европската комисија.
– Нема време за губење бидејќи Украина претрпе огромно уништување, а Светската банка ја проценува штетата на 350 милијарди долари, истакна таа на конференцијата за обнова на Украина.
Според неа, потребно е што поскоро да се воспостави меѓународна соработка за помош во обнова на Украина, најдобро пред да заврши оваа или на почетокот од наредната година.
На конференцијата за обнова на Украина во Берлин преку видео линк се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој нагласи дека за брз план за обнова потребни се вкупно 17 милијарди долари.
Како што додаде Зеленски, Русија ја уништи украинската енергетска инфраструктура и ги отежна условите за време на зимата што следува.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
