Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот

Европската Унија обезбедува 42 отсто од помошта за развој во светот и останува посветена на тоа, но смета дека е добро да се појавуваат и нови донатори, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на пленарната сесија на Четвртата меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот што се одржува во шпанскиот град Севиља.
– За да го затвориме инвестицискиот јаз едноставно ни треба промена на парадигмата и нови начини за мобилизирање на многу повеќе финансии. Ова е суштината на „Компромисот за Севиља“ за кој се согласивме денеска и токму тоа е она што Европа има за цел да го постигне заедно со нашите глобални партнери, рече Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека ЕУ предлага здружување на силите на глобално ниво и воспоставување заеднички инвестициски програми за остварување на Целите за одржлив развој, но и воведување на фер даночен систем со цел привлекување на приватни инвестиции.
– Ова ќе ги зголеми приходите во економиите за развој, но тоа, исто така, е и прашање на праведност, бидејќи секој треба да го плати својот фер дел, додаде Фон дер Лајен.
Сето ова, според неа, е потребно за привлекување на приватниот сектор, што е и суштина на инвестициската програма на ЕУ „Глобална порта“, преку која се мобилизира приватен капитал во трансформативни развојни проекти насочени кон локален раст и отворање работни места на локално ниво.
– Во првите три години, „Глобална порта“ мобилизираше речиси 180 милијарди евра инвестиции во нашите земји партнери. На добар пат сме да ја надминеме нашата почетна цел од 300 милијарди евра за седум години, рече претседателката на ЕК.
Таа посочи дека пораката на ЕУ е едноставна: Европа е подготвена да инвестира и да иновира и целосно да ги поддржи реформите на Светската трговска организација.
– Во овие времиња на глобална неизвесност, можете да сметате на нас дека ќе го поддржиме мултилатерализмот, додаде Фон дер Лајен во обраќањето на Конференцијата во Севиља.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
