Финишираат работите за почнување со градба на Драмскиот театар во Скопје

Договорот за изградба на Драмскиот театар во Скопје е потпишан и се очекува за 10-тина дена да почнат градежните работи. Градбата ќе чини околу 10, 2 милиони евра, а треба да биде завршена за најдоцна три години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Институтот за филм во Охрид.
- Информиран сум од Министерствито за култура дека веќе се потпиша договор за градба и дека Театарот со писмо е известен дека треба да отпочне со селење во привремен објект што тие го избраа и да започне изградбата на Драмскиот театар. Ќе располага со една голема и една мала сала, а ќе биде опремен со најсовремена опрема. Со ова уште едно наше ветување е во почеток за реализација. Потпишан е договороот за градба. Обезбедени се пари за оваа година, а со наредниот буџет ќе се обезбедат пари за идната година, изјави Груевски.
Тој изрази особено задоволство за овој проект, бидејќи ќе овозможи старите субстабдардни бараки да бидат заменети со нов современ објект кој ќе понуди подобри услови за работа на актерите, а и затоа што и самиот еден период бил дел од овој театар како аматер.
Ново на Сител
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно
-

„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
