Филм на Нетфликс за Александар Македонски предизвикува контроверзии

Грчката министерка за култура Лина Мендони ја критикуваше новата серија на Нетфликс за Александар Македонски. Таа ја опиша продукцијата како содржина со „исклучително слаб квалитет“, и „исполнета со историски неточности“, со што наиде на согласност со тие оценки од повеќе страни.
Делот од „Александар: Создавањето на еден бог“ којшто предизвика најмногу негативни реакции е наводната, историски недокажана „романтична врска“ меѓу Александар Македонски и неговиот доверлив пријател Хефејстион. Според наводите, тоа е „искривување на вистината“, за што беше остро критикуван и филмот „Александар“ на Оливер Стоун од 2004 година, пренесува „Гардијан“.
– Изворите не посочуваат дека тие (односи меѓу Александар и Хефејстион, з.п.) ги надминуваат границите на пријателството, изјави министерката.
Прашана, дали Владата ќе преземе мерки против Нетфликс, Мендони посочи дека таков чекор би бил противуставен.
– Уставот на Грција ја штити слободата на уметноста од почетокот на 19. век. Министерството за култура не врши цензура, не врши дејствија што водат кон кривично гонење или забрана, не манипулира, не ограничува, не го контролира ширењето информации и идеи ниту превентивно, ниту репресивно, додаде Мендони.
Инаку, повеќе истражувачи се согласуваат оти древните извори не посочуваат дека Александар Македонски и неговиот близок пријател Хефејстион биле „љубовници“. Меѓу таквите историчари и познавачи се: Франциско Бринес, Сузана Каваљо, Томас Р. Мартин и Мерилин Б. Скинер.
Ново на Сител
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
