-->
-->
Филипини: 133 лица загинати, а десетици се водат за исченати од тропската бура
-->

Се зголемува бројот на жртвите од тропската бура, која вчера го зафати јужниот дел на филипинскиот остров Минданао. Според новите официјални податоци, 133 лица загинаа, а неколку десетици сè уште се водат за исчезнати.
Претходно беше соопштено дека околу 90 лица загинале од лизгањето на земјиштето и големите поплави предизвикани од стихијата. Над 15.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Прекината е електричната енергија, како и комуникациите со погодениот регион, а тоа ги комплицира спасувачките операции во кои учествуваат спасители, војници, полицајци и доброволци.
Невремето, било носено со ветрови со брзина до 80 километри на час. Бурата се движи во западна насока и се очекува до понеделник да се оддалечи од Филипините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
-

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска
-

Запленети и безбедно уништени два тони небезбедна храна на зелениот пазар во Ченто
-

Бизнис Арена 2026: Како вештачката интелигенција како глобален предизвик влијае врз домашните компании?
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
