Филипче задоволен од сработеното за време на македонското претседавање со здравствената мрежа на ЈИЕ

На денешниот настан симболично го предаваме претседателството на мрежата на Југоисточна Европа на здравствени организации со која ние претседававме изминатиот период (од јули 2018 година досега). Здравствената мрежа ја презема Црна Гора, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче пред почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ, што се одржува во Министерството за надворешни работи.
Посочи дека работеле интензивно на изнаоѓање решенија на најгорливите проблеми пред се во сферата на примарното здравство и одливот на кадри. Во текот на изминатиот период, посочи, го организиравме и националниот форум за здравство на кој присуствуваа и сите земји-членки на мрежата практично земјите од регионот.
– Во таа смисла во интензивна соработка со сите здруженија во земјава, со коморите, со Фондот за здравствено осигурување веќе ги етаблиравме правците во кои сметаме дека треба да одиме за да се зајакне системот на примарна здравствена заштита, рече Филипче.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
