Филипче: Вакцините се безбедни, вакцинацијата единствен начин да го победиме вирусот
Министерот за здравство доц. Д-р Венко Филипче, утрово гостуваше на утринската програма во МТВ каде говореше на сите актуелни теми поврзани со Ковид-19. Министерот Филипче потенцираше дека се охрабрувачки резултатите од истражувањето со здравствените работници, кои покажуваат дека над 60% од здравствените работници би се вакцинирале против Ковид 19.
„Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот, доколку тие се вакцинираат тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните“ – истакна Филипче.
Министерот истакна дека како и досега, министерството ќе продолжи да информира транспарентно и точно, со цел граѓаните да добијат правилни информации за важноста од вакцинирањето и безбедноста на овој процес.
„Вакцинирањето е сериозен и проверен процес. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини. Една вакцина која ќе ја помине процедурата на одобрување од европкасата и американската агенција за лекови, како на пример вакцината на Фајзер, е со сигурност безбедна вакцина затоа што проверките, критериумите и условите на овие две агенции се многу строги“ – истакна Филипче. Тој додаде дека сите вакцини кои ќе пристигнат кај нас ќе бидат целосно безбедни, а граѓаните може да имаат целосна доверба во процесот на вакцинација. Тој порача дека граѓаните мора да се свесни дека само преку вакцинација може да се искорени и победи болеста и тоа е единственото сигурно оружје против Ковид 19 вирусот.
Министерот Филипче се осврна и на епидемиолошката состојба која значително се подобрува во последните четири недели. Тој истакна дека за ова има голем удел однесување на граѓаните кои значитлено повеќе од порано ги почитуваат мерките за заштита.
Ново на Сител
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон кавадаречкиот градоначалник и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење
-
Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово