Филипче: Сметот кај Ургентен центар ќе биде исчистен, распишан е и тендер

Сметот направен кај Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе биде исчистен од страна на екипа на „Комунална хигиена“, а во тек е и тендер за избор на компанија која ќе го спроведува чистењето, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
- Точно е дека има проблем и тој е резултат на тоа што се прекина тендерската постапка за чистење. После долги години, интегенциите се враќаат во Службата за општи и заеднички работи која ги менаџира заедничките потреби на сите клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза и тие се во постапка на тендер за добивање на компанија која ќе го спроведува чистењето, појасни Филипче.
Во меѓувреме, со градоначалникот на Град Скопје договорено е екипа на „Комунална хигиена“ да го исчисти целото ѓубре, а направен е договор и следниот месец тоа да се одвива тековно.
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
