Филипче: Ќе се надмине проблемот со недостиг од лекови во аптеките

За одредено време ќе го смениме начинот на плаќаќање кон аптеките за лековите издадени на рецепт и сигурен сум дека проблемот со недостиг од лекови во аптеките во иднина нема да се случува.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека со Фондот за здравствено осигурување на Македонија активно работат, а проблемот го лоцираат во начинот на исплата на аптеките за што сега бараат соодветен начин да се коригира, кој ќе дозволи да се надмине тоа.
- Сега додека се уште важи постојниот начин на плаќање Фондот најде едно преодно решение за зголемување на квотите, а за кратко време кога ќе го утврдиме најдобриот начин наместо плаќање по рецепт ќе излеземе со официјални информации и ќе ја спроведеме мерката, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за намалувањето на цените на лековите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
