Филаделфија и Бруклин не се договорија за размена на Симонс со Ирвинг
Раководствата на Филаделфија и Бруклин не се договорија за размена на Бен Симонс со Кајри Ирвинг, иако договорот може да биде од корист за двата клуба, пишува инсајдерот на „Атлетик“, Сем Амик.
Сиксерс продолжуваат да бараат опции за размена на Симонс, кој пристигна на локацијата на тимот во понеделникот, откако го пропушти скоро едномесечниот тренинг камп.
Од друга страна, Бруклин нетс официјално го суспендираа Ирвинг од тренинзи и натпревари додека не ги исполни барањата за вакцинација во Њујорк, поради кои не може да учествува на домашни натпревари.
Според Амик, Сиксерс не се сигурни дека Ирвинг ќе се согласува со Џоел Ембид. Покрај тоа, Кајри има опција во неговиот договор следната сезона да стане слободен агент. Исто така, се верува дека Ирвинг може да одлучи да се пензионира доколку Нетс го разменат со друг тим.
Бруклин се надева дека Њујорк ќе ги промени протоколите за вакцинација за спортови во затворен простор по што Ирвинг ќе добие право да игра во НБА-лигата.
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст