Фијала: Бесмислено е да се гради архитектурата на безбедноста во Европа која би се потпирала на довербата во Русија

– Чешкиот премиер Петр Фијала денеска на конференцијата „Нашата безбедност не се подразбира“ во Прага изјави дека бесмислено е да се гради архитектурата на безбедноста во Европа која би се потпирала на довербата во Русија сè додека краде туѓи територии.
„Искуствата од последниве години се апсолутно немилосрдни. Тоа е обична илузија ако не го видиме тоа. Русија нема да престане.
Кој ќе ми каже дека ќе престане, ќе се лаже и себеси како кога се зборуваше дека Русија ќе се запре по анексијата на Крим. Нема да престане.
Знаеме дека на Русија и се потребни четири до шест години додека после една војна не се подготви за друга војна“, рече чешкиот премиер.
Додаде дека мирот во Украина не може да се постигне само со преговори со Кремљ. „Дипломатијата без економски и воени аргументи не функционира“, предупреди Фијала.
Чешкиот премиер потсети дека Европа добила јасна порака од новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп дека мора да се грижи за сопствената одбрана и дека затоа е време Европската унија да ја ревидира својата зелена политика и да почне да инвестира во вооружувањето.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
