ФХ3Х во петтото продолжение на Невозможна мисија
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х е дел од визуелните ефекти на петтото продолжение на популарната акција Mission Impossible со Том Крус, наречено Rogue Nation, чија премиера во Скопје е предвидена за 30 јули.
Кристијан Даниловски, косопственик на ФХ3Х изјави дека по првпат се дел од овој серијал и на овој проект работеле во текот на февруари и март годинава, со тим од 20 артисти.
- Невозможна мисија е на листата на најуспешни франшизи, бидејќи досега претходните четири заработија над 2 милијарди американски долари на глобално ниво. Филмот е брз и динамичен, возбудлив и полн со адреналин, и промовира софистицирана технологија, меѓу другото, системот Connected Drive на БМВ, кој се користи во фантастични автомобилски егзибиции, кои со нетрпение ги очекуваме, изјави Даниловски.
Според синопсисот, во петтото продолжение додека агенцијата на Итан е распуштена, Синдикатот – Меѓународна криминална мрежа со исклучително вешти оперативци се посветени на задачата да воспостават нов Светски поредок преку серија терористички напади. Соочени со можеби најневозможната мисија досега, Итан го собира тимот за да го искорени Синдикатот, и се здружува со секој кој може да му помогне. Или можеби не?
Се прогнозира дека филмот би можел да заработи меѓу 40 и 50 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, што е во рамките на претходните делови. Четвртото продолжение Ghost Protocol заработи околу 30 милиони долари.
Премиерата на „Невозможна мисија - 5“ е закажана за 30 јули во 20 часот во киното Синеплекс.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива