-->
-->
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-->
Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија попладнево донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Според распоредот натпревари требаше да се одиграат утре, 1 декември (недела) со почеток во 13 часот.
-Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, соопшти ФФМ.
Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари за 3 декември (вторник) со почеток во 13 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани