Феникс го отпушти тренерот Вилијамс

Монти Вилијамс повеќе не е тренер на Феникс санс по четири сезони минати во тимот.
Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, „итна одлука“ донел новиот сопственик Мат Ишбија веднаш по поразот од Денвер во натпреварот 6 од 2. коло од плеј-офот.
Ишбија, наводно, ја презел целосната контрола врз кошаркарските операции на организацијата, вклучително и преговорите за февруарскиот трејд на Кевин Дурант и сега отпуштањето на Вилијамс.
Сè уште нема јасен кандидат за замена. Вилијамс имаше уште три години од договорот. Се очекува тој да стане баран на пазарот. За неговите услуги е заинтересиран Торонто.
Во 2021 година, под водство на Вилијамс, Санс стигнаа до финалето на НБА, губејќи од Милвоки во шест средби. Во 309 натпревари од регуларната сезона, Вилијамс победи на 194 од нив – 63%. Резултатот на Феникс во четири сезони пред доаѓањето на тренерот е 87-241. „Сонцата“ минатата година заврши на првото место на Западот (64-18), а Вилијамс ја доби наградата за најдобар тренер на годината во НБА-лигата.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
