„Фејсбук“ ќе ангажира 1.000 лица за проверка на политичките коментари

Компанијата „Фејсбук“ планира да ангажира 1.000 лица, кои ќе ги проверуваат рекламите што се објавуваат на социјалната мрежа.
Потегот е одговор на критиките со кои се соочи „Фејсбук“ од страна на американската Демократска партија дека со отстапување простор за реклами и новинарски текстови од Русија се влијаело на изборниот пораз на демократскиот кандидат Хилари Клинтон на ланските избори.
„Фејсбук“ соопшти дека освен ангажманот на 1.000 лица за контрола на рекламите, во иднина за таа цел ќе бидат вработени уште неколку илјади лица, а ќе развие и софтвер кој автоматски ќе ја проверува содржината на спонзорираните коментари и вести кои ги објавуваат милиони од корисниците.
Во рамките на истрагата што ја врши Комисија на американскиот Конгрес, „Фејсбук“ информираше дека за време на минатогодишните избори биле објавени 3.000 реклами со политичка содржина порачани од клиенти во Русија, кои влијаеле врз американски гласачи.
Освен проверката на политичките материјали, „Фејсбук“ ќе внимава и да не се објавуваат акти на насилство, убиства и самоубиства, коментари кои промовираат расна дискриминација или продажба на илегални супстанци.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
