-->
-->
Федерер се поблиску до пензија?!
-->

Роџер Федерер соопшти дека нема да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, но и дека нема да се појави на тениските терени до крајот на 2016 година.
Швајцарецот, кој има најмногу Грен слем титули во историјата на тенисот, по консултација со лекарите решил да го пропушти остатокот од сезоната со цел целосно да се рехабилитира од повредата на коленото.
„Драги навивачи, екстремно сум разочаран што објавувам дека нема да ја претставувам Швајцарија на ОИ во Рио де Жанеиро, но и што ќе го пропуштам остатокот од сезоната. Разгледувајќи ги опциите по консултација со лекарите и со мојот тим, донесов одлука да ја завршам 2016 година, бидејќи ми е потребна интензивна рехабилитација на коленото.
Докторите ме советуваа дека паузата ми е потребна доколку сакам да играм уште неколку сезони. Тешко ми е што ќе го пропуштам остатокот од сезоната. Сепак, позитивно е што сфатив колку во досегашниот тек од кариерата имав среќа со повредите. Љубовта која ја имам кон тенисот, кон натпреварувањето и кон вас навивачите, останува недопрена.
Мотивиран сум како и секогаш и се надевам дека ќе се вратм уште посилен, дека ќе бидам здрав да го играм мојот најдобар тенис во 2017 година. Ви благодарам на поддршката“, напишал Федерер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
