ФДИ: Раст од 200 проценти на гринфилд инвестициите во Северна Македонија
Бројот на гринфилд инвестиции во Северна Македонија од јуни 2018 до мај 2019 година бележи раст од 200 проценти споредено со истиот период пред една година и изнесува вкупно 184,4 милиони долари, покажува извештајот за гринфилд инвестициите во регионот на Западен Балкан на ФДИ Маркетс, специјализиран сервис на Фајненшал тајмс.
Регионот во 2018 година привлекол вкупно 9,36 милијарди долари гринфилд странски директни инвестиции, што е втор по големина прилив од 2003 година, кога започнува ФДИ со следење на инвестициите.
Најголем дел од инвестициите, околу 70 проценти се во Србија, која успева да привлече 105 проекти и рекордни 5,98 милијарди долари.
Спроед ФДИ, Босна и Херцеговина иако успеала да привлече само четири проекти учествува со 11,6 проценти од вкупните гринфилд инвестиции во регионот, додека Црна Гора привлекла 11 иневстииции, а Албанија остварила раст од 80 проценти, привлекувајќи вкупно 809,9 милиони долари.
Во извештајот ФДИ наведува дека шесте земји од регионот имаат билатерални договори за слободна трговија со ЕУ, иако не се земји членки на Унијата.
– Иако надвор ор ЕУ, регионот привлекол 147 гринфилд проекти во 2018 година, што е највисока бројка инвестиции во изминатите шест години, се вели во извештајот на ФДИ Маркетс.
Според ФДИ, иако земјите од регионот привлекуваат помалку гринфилд проекти споредено со земјите од централна, источна и западна Европа, регионот остварува солидни резултати споредено со неговиот удел во глобалниот БДП.
Извештајот на ФДИ за 2019 година покажува раст од 42 проценти на вкупно 662,6 милијарди долари на гринфилд инвестициите на глобално ниво. Истовремено, бројот на проекти е зголемен за седум отсто, а отворањето на нови работни места за 25 проценти.
Ново на Сител
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина