„Фајненшл Тајмс“: ЕУ планира „зацементирање“ на грчко-македонската граница

ЕУ планира да ја „зацементира“ границата меѓу Грција и Македонија за да го запре натамошниот проток на бегалците преку „балканската траса“ кон западндоевропските земји, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс“.
Засега нема сознанија како би се извела една таква операција, но од порано се најавува дека значително ќе се засили контролата на оваа граница, не само со пограничните сили на двете соседни земји, туку и со полициски сили од земјите на ЕУ.
Според овие сознанија, не се исклучува можноста грчко-македонската граница и да се „огради“ со поставување жица.
Пред два дена, потребата од „блокирање“ на јужната македонска граница, ја истакна и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој за време на посетата на Љубљана, изјави дека ЕУ ќе мора да ги „зацементира“ границите на Македонија и Бугарија, со Грција, за да се смири напливот на бегалци во ЕУ.
Лондонскиот весник пренесува изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој ваквите планови на Унијата, директно, не ги осудува освен што забележува дека Атина стравува оти блокадата на границата кон Македонија ќе создаде бегалска „црна дупка“ во погранчниот реон и во Грција.
Ваквиот план го поддржуваат не само Брисел и Унгарија која прва се изјасни за еден ваков потег, туку и другите земји на „балканската траса“ особено откако, неколку земји членки на Шенген зоната, времено ја суспендираа спогодбата и воведуваат погранична контрола, а други ги „цементираат“ границите кон соседите.
Бегалци, а меѓу нив, се повеќе еконосмки мигранти од Сирија и другите земји во регионот, продолжуваат да се префрлаат на островите во Грција, покрај турскиот брег, без некоја посебна ангажираност на властите во Турција да се запре напливот на луѓе кон Европа.
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
