-->
-->
Ф-1: Моќниот Ферари го однесе Леклер до победа во Австрија
-->
Со многу возбудувања заврши денешната трка за ГН на Австрија од шампионатот во Ф-1. За тоа се погрижи пилотот на Ферари, Шарл Леклер кој ја забележа третата победа оваа сезона и вкупно петта во кариерата.
Иако не стартуваше од пол позиција возачот на Ферари успеа да го надмине светскиот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул за цели две секунди додека третото место му припадна на Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес.
Возбудувањата на „Ред Бул Ринг“ ги најавија Расел и Перез по малиот контакт на стартот што значеше откажување за Мексиканецот поради оштетување на болидот.
Потоа следуваа двете престигнувања на Леклер во дуелот со светскиот првак Макс Верстапен и серија тактички надмудрувања кои му донесоа победа на Ферари. Напаѓаше и Карлос Саинц но неговиот болид не издржа па Ферари остана без двојна победа.
Печат на трката остави и Мик Шумахер со серија престигнувања што на крајот му го донесе 6.место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ