-->
-->
Ф-1: Мекларен објави футуристички болид!!!
-->
Екипата на Мекларен го објави својот концепт за болид на иднината во Формула 1. Од британскиот тим веруваат дека овој концепт може да гововеде овој спорт во нова ера.
Тимот, болидот за иднината, го нарече McLaren MP4-X, по урнекот на сите вистински модели во Формула 1, кои настанале од осумдесетите години на минатиот век.
Моделот е креиран без дизајнерски ограничувања, а забележлив е спојлерот кој се наоѓа под болидот кои помага околу аеродинамиката, како и подвижните крила кои се отвораат во свиоците, а се затвораат на правците.
Замислата е овој болид да има хибриден мотор и уште неколку иновации, од кои најзначаен би бил системот кој би го следел трошењето на пневматиците.
„Сакавме малку да погледнеме во иднината и да ја замислиме уметноста на можното. Направивме кобинација од главните состојки на Формула 1 (брзина, возбуда, перформанси), но и се она што овој спорт го бара (затворен кокпит, кој ја зголемува безбедноста на возачите и хибридни мотори)“, рекол Џон Алерт, бренд директорот на технолошката група на Мекларен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд