-->
-->
Ф-1: Хамилтон вечерва стартува од пол-позиција
-->
Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Канада. Возачот на Мерцедес ја освои 65-та пол позиција во кариерата и на вечната листа се израмни со легендарниот Аиртон Сена. Лидер на оваа листа е Михаел Шумахер со 68 први стартни места во кариерата.
Луис Хамилтон доминираше во квалификациите, беше убедлив во однос на конкуренцијата, а своето најбрзо време го постигна во последниот круг 1:11.459 минути.
До него од првиот ред ќе стартува лидерот во генералниот пласман Себастијан Фетел, кој за 0.330 секунди имаше послабо време од Британецот.
Вториот ред на стартот го формираа колегите на Хамилтон и /фетел, Валтери Ботас, односно Кими Раиконен.
Третиот ред го резервираа пилотите на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.
Трката за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“, в недела ќе стартува во 20 часот по средно-европско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата