Eзерото Гратче крај Кочани порибено со 230 килограми крап
Во водите на вештачкото езеро Гратче крај Кочани, членовите на Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ извршија порибување со 230 килограми крап, со што се реализирани дел од активностите за оваа година кои се однесуваа на порибување на езерото.
- Ова е првата акција за порибување на езерото по добиената концесија пред шест месеци. Втората акција ќе биде реализирана напролет во месец март. Со одлука на Управниот одбор на нашето риболовно друштво езерото е порибено со 230 килограми крап од репроцентарот „Акватика“ од Неготино и според нашата програма ова е само еден почеток, со сопствени средства на риболовното друштво „Кочански рибар“, од членарина, од продадени риболовни дозволи, да реаклизираме акција за порибување на езерото, рече Ванчо Стаменков, член на Управниот одбор на Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ од Кочани.
Според Стаменков, интересот за зачленување во Здружението е голем, ги има околу 400 членови, а проширена е и тертиоријата на која може да се лови. Според новата риболовна основа која треба од 1 јануари 2017 да стапи на сила, се зголемува ревирот на ловење кај реката Брегалница од мостот кај мотелот „Слив“ до вливот кај Злетовска Река, како и на сите притоки и мали акумулации кои што припаѓаат во ова подрачје.
Рокот за кој е добиена концесијата е шест години а Спортско риболовното друштво „Кочански рибар“ прави напори езерото „Гратче“ да влезе во распоредот на Риболовната федерација на Македонија за организрање првенства во спортски риболов.
Ново на Сител
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
-
За пет дена 102 починати поради жешкото време во Шпанија
-
До вторник високи температури, во недела услови за дожд, а од среда заладување
-
18-годишник и малолетник силувале две малолетни сестри и ги снимале со телефон во Тетово
-
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат