Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите
Топлотниот бран што ја зафати земјава влијае негативно врз земјоделските култури. Поради високите температури доаѓа до интензивна транспирација, а и почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата.
Според агрометеоролозите, ваквите временски услови ќе се одразат и врз повеќегодишните растенија зашто резервите на вода и во подлабоките слоеви на почвата постојано се намалуваат.
Се препорачува земјоделците да ги наводнуваат културите, особено пролетните, окопните и индустриските, како и да продолжат со грижата за посевите.
-Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните, окопните и индустриските култури. Земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, со изведување работи во поле, наводнување, уништување плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болестите и штетници, редовно следење на посевите и примена на други агротехнички мерки, велат агрометеоролозите од УХМР.
Информираат и дека некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба.
-Сончевото и топло време беше поволно за зреење на некои видови на овошје како црешата, вишната и некои типови зеленчук. Одредени житни култури се во последната фаза од животниот циклус - созревање, што е исто така многу значајна фаза во нивниот животен циклус, додаваат агрометеоролозите од УХМР.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала