Еврозоната е подготвена на Грција да и ја додели ветената помош од уште две милијарди евра

Еврозоната е подготвена да ги деблокира двете милијарди евра што и ги вети на Грција во замена за спроведување серија реформи, како и 10-те милијарди евра за рекапитализација на нејзините банки, соопшти денеска претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, цитиран од француските медиуми.
-Еврозоната е подготвена да го одобри отпуштањето на траншата и трансферот на неопходните средства за рекапитализација на грчкиот банкарски сектор во вредност од 10 милијарди евра, под услов Грција да ги реализира мерките за кои постигна договор со своите кредитори, дополни Дејселблум.
Утринава имало телеконференциски разговор на Европската работна група за евалоација на мерките што Атина треба да ги преземе за да ја добие следната транша од своите кредитори.
Неколку часа претходно Грција и нејзините кредитори успеаја да се договорат и особено за прашањето за одемање на недвижниот имот, што досега го блокираше напредокот во преговорите. Кредиторите бараа полесно одземање на имотот, а Атина инсистираше да продолжи да го штити мнозинството од презадолжените домаќинства.
Јавноста очекува предлог законот за овие мерки да биде поднесен денеска во грчкиот Парламент, а гласањето по него да се одржи во четврток вечер.
Европската работна група во петок треба да даде зелено светло за исплаќање на траншата, дополни ДПА.
Десетте милијарди евра за рекапитализација на грчките банки одамна се чуваат на специјална сметка на Европскиот стабилизациски механизам, спасувачкиот фонд на еврозоната, и можат многу брзо да бидат отпуштени, забележа ДПА.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
