Европскиот совет даде „зелено светло“ за Буџетот на ЕУ за 2024 година
Советот на ЕУ денеска го одобри Заедничкиот буџет на Унијата за 2024 година, кој беше усогласен со Европскиот парламент на 11 ноември, во кои вкупните обврски се утврдени на 189 милијарди и 385,4 милиони евра, а вкупните исплати на 142 милијарди и 630,3 милиони евра.
Дополнително, како што јави дописникот на МИА, 360 милиони евра се оставени како резерва за евентуални непредвидени потреби на ЕУ.
Според Европскиот совет, Буџетот за следната година ги одразува главните приоритети на ЕУ, вклучувајќи ги економското зајакнување, зелената и дигиталната транзиција, како и можностите за реакција во актуелниот сложен геополитички контекст.
Европската комисија ја предложи првата верзија на буџетот за следната година на 7 јуни.
По ова, на 5 септември Советот на ЕУ го усогласи својот став за предлогот, по што на 9 октомври Европската комисија излезе со измената верзија на Предлог-буџетот.
На 18 октомври, Европскиот парламент предложи амандмани на новиот предлог усогласен со ставот на Советот на ЕУ, кој пак ги одби предложените измени од страна на европратениците.
По ова беше свикан состанок на Комитетот за помирување, во чии рамки на 11 ноември Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за конечната верзија на Буџетот на Унијата за 2024 година.
Инаку, Комитетот за помирување е составен од по еден претставник на секоја од 27-те земји членки на ЕУ и од 27 европратеници, во кој Европската комисијата ја има улогата на посредник за усогласување на ставовите на двете страни.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
