Европски активисти бранат полска шума качени на дрвја

Активисти за заштита на животната средина се качиле на дрвја во древната полска шума Бјаловешка и ги блокирале машините со цел да ја спречат илегалната сеча, одобрена од полската Влада.
Активистите, како што јавуваат полските медиуми, ја обвинуваат Варшава дека ги игнорира налозите на Европската унија за заштита на една од последните европски шуми.
- Активисти од сите краеви на Европа дојдоа да протестираат против уништување на нашето заедничко наследство и бараат нејзина заштита, изјави Роберт Циглички, претставник на организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“.
Бјаловешката шума е последната европска прашума, која се наоѓа на листата на УНЕСКО, а стана предмет на жесток политички спор откако владејачката полска Партија на правото и правдата наложи нејзина сеча. Според полските власти сечата на прашумата е неопходна за да се спречи нејзино уништување по наездата на штетни инсекти.
Европскиот суд на правдата минатиот месец побара од полската Влада да ја запре сечата на прашумата, но властите во Варшава се спротивставија на оваа наредба.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
