Европската Комисија бара од сите да не го политизираат пописот
На прашање на МИА за изјавите на бугарскиот претседател пред пописот во Македонија, од Европската Комисија бараат сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат процесот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Македонската влада и македонскиот претседател обвинија за неоправдани притисоци од страна на иницијативата на бугарскиот претседател Румен Радев да свика состанок на безбедносните служби за наводно непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во Македонија непосредно пред пописот.
Од Европската Комисија ја охрабруваат Македонија да го спроведе пописот во согласност со сите европски стандарди и регулативи, вели за МИА портпаролката Ана Писонеро.
- Македонија се охрабрува да спроведе попис во согласност со европските стандарди и регулативите на ЕУ како дел од претпристапните подготовки и Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ. Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите кои придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин, изјави Писонеро за МИА
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
