Европската агенција за лекови го препорача „ремдесивир“ за третман на коронавирус
Европскиот регулатор денеска објави дека нејзиниот одбор препорача употреба на лекот „ремдесивир“ кај возрасни лица и деца на возраст од 12 години, дијагностицирани со пневмонија за чие лекување е потребен внес на кислород.
Цената на лекот во Европа сè уште не е позната. Во САД „ремдесивир“ би можел да чини и до 5.080 долари за третман, а генерички лек од индиски производител може да се продава од 66,13 до 79,35 долари.
Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат „ремдесивир“, кој во Европа ќе се вика „веклури“ кога ќе биде одобрен од Европската комисија.
Условното одобрение за продажба во Европската унија дозволува терапијата да се продава кога се достапни сите податоци за дејството на лекот и неговите несакани ефекти.
„Гилеад“ мора да ги достави конечните податоци до декември.
Како што пренесуваат странските агенции, побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања.
Студијата спроведена од ЕМА покажа дека пациентите со Ковид-19 се опоравуваат во просек четири дена побрзо од другите пациенти.
Првично развиен како лек против хеморагична треска од ебола, „ремдесивир“ од лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“ е првата терапија која покажа одредена ефикасност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19.
„Гилеад“ очекува да произведе повеќе од два милиона дози до крајот на годината, двојно повеќе од првичната цел. Исто така, планира да започне поедноставни форми за примена, како инхалатор во споредба со интравенската.
„Ремдесивир“ веќе е одобрен за итна употреба кај неколку тешко болни пациенти во САД, Индија и Јужна Кореја, а конечно одобрение дадоа и јапонските власти.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
