Европска награда за проект на пет лица од Психијатриската болница во Демир Хисар
Фото приказната „Многу луѓе-многу погледи“ изработена од пет лица од Психијатриската болница во Демир Хисар е избрана меѓу десетте најуспешни проекти на годинешните Европски денови на културно наследство.
Проектот, во конкуренција од 87 номинирани трудови посветени на европското културно наследство, е меѓу десетте приказни што беа презентирани во зградата на Советот на Европа во Стразбур, пред специјалната комисија и националните координатори на Европските денови на културното наследство.
Приказната го претставува македонското културно наследство, конкретно културно-историските богатства на Охрид, изработена од Центарот за креативни индустрии – НЕВО од селото Суводол, а доловено преку фото-објективот на маргинална група лица од Психијатриска болница во Демир Хисар.
Наградата за најдобрите стории предвидува финансиска поддршка од страна на ЕУ, за проект што ќе се релизира наредниот период, а предвидува работилница по аналогна и дигитална фотографија, тридневно патување во Охрид и работилница по цртање и креативно изразување. Завршната активност и сработениот материјал ќе бидат презентирани пред јавноста на три изложби во Демир Хисар, Скопје и Охрид.
Од Центарот за креативни индустрии се уверени дека проектот ќе придонесе за поголема инклузија на тие лица во социјалниот и културниот живот на заедницата, и ќе ги поттикнат психијатриските установи во земјава да почнат поголеми активности и да го искористат креативниот потенцијал на таа категорија лица
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња