Европол: Бранот кибер напади е со досега невидено ниво
Бранот кибер напади, кои предизвикаа хаос ширум планетата е на досега невидено ниво, соопшти денеска Европол и додаде дека поради овие напади ќе биде потребна сложена меѓународна истрага заради откривање на сторителите.
Европол нагласи дека соработува со земјите и компаниите, кои се подгодени од кибер нападот.
Со најмалку 74 илјади хакерски напади со софвет, кој го блокира компјутерот и не дозволува негово користење се додека на хакерите не им се исплати откуп (rensomver) опфатени се околу сто држави во светот, а користен е вирусот, кој експертите го викаат „WCry“ или „WannaCry“.
Хакерите барале меѓу 300 и 600 долари за секој поединечен напад, а експертите за кибер безбедност наведоа дека поедични жртви на нападот плаќање откуп со дигитална валута, биткоини.
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“