Европејците, меѓу кои и Германците, не го сакаат Трамп за претседател на САД
Доколку германските граѓани би имале право да гласаат на американските претседателски избори, би ја избрале кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон, а не Доналд Трамп кој има германско потекло.
Повеќе истражувања на јавното мислење покажуваат дека огромно мнозинство Германци се против избор на Трамп за претседател на САД. Анкетата спроведена од магазинот „Штерн“ покажува дека дури 80 отсто од германските граѓани би гласале за Клинтон, а само 20 за Трамп, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
И резултатите на анкетата на телевизијата Н - ТВ покажуваат сличен сооднос од 75 наспроти 20 за Клинтон. Клинтон е најпопуларна во западниот дел од земјата и меѓу „Зелените“, „Левицата“ и „Социјалдемократатите“ а Трамп повеќе поддршка добива во Источна Германија и меѓу поддржувачите на крајно десничарската „Алтернатива за Германија“ со која делат и дел од изборните слогани со кои се бара затворање на гранциата за влез на бегалци.
Најголем дел од испитаниците во анкетата на агенцијата „ЈуГов“, сметаат дека Трамп ќе биде штетен и за Германија и за САД ако биде избран. Околу 42 отсто од Германците сметаат дека Клинтон ќе ги подобри односите на САД со Европа. Обратно сметаат само три проценти од гласачите.
Само 12 отсто сметаат дека Трамп ефективно ќе се бори со меѓународниот тероризам додека доверба за ова прашање во Клинтон имаат 28 проценти од Германците. Во друга анкета во која покрај граѓаните на Германија е анкетирани и граѓани на Велика Британија, Франција Данска, Шведска, Финска и Норвешка дури 46 отсто од анкетиранните се плашат од изборот на Трамп додека на 40 проценти ќе им олесни ако Клинтон биде иден претседател на САД.
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар