Европарламентот и Советот не успеваат да се договорат за европски обвинител

Преговорите за избор на главен европски обвинител се во застој, земјите членки и европратениците не успеваат да пронајдат компромис за кандидатот или кандидатката на оваа функција, и не е закажана нова рунда, јави дописничката на МИА од Брисел.
Изборот за европски обвинител се одвива помеѓу двајца кандидати: Французинот Жан Франсоа Бонер, поддржан од повеќе земји членки на ЕУ и Романката Лаура Ковеси, поддржана од Европскиот Парламент.
Ковеси е под притисок во Романија, каде е обвинета за корупција, потег кој многумина во Брисел, и посебно Европскиот Парламент, го сметаат за обид да се спречи кандидатурата на оваа поранешна главна антикорупциска обвинителка на Романија, бидејќи и беше забрането да ја напушти земјата. Ковеси минатата година беше отстранета од своите функции под притисок на романската владејачка партија, чиј лидер беше предмет на темелна истрага од нејзина страна.
Претседателот на ЕП, Антонио Тајани испрати и писмо до романските власти во кое бара да престанат да го попречуваат процесот на селекција на Ковеси. Високиот суд на Романија го поништи решението со кое и се забранува да излегува од земјата, но односот на романските власти кон Ковеси продолжува сериозно да загрижува во Брисел, исто како и состојбата со владеењето на правото во Романија.
Изборот на главен европски обвинител ќе биде резултат на преговори помеѓу двете институции, Советот на ЕУ, односно земјите членки и Парламентот. Европратениците ги критикуваат земјите членки дека не се спротивставуваат доволно цврсто на „мобингот“, како што велат, што го врши романската Влада врз обвинителката, додека пак земјите членки сметаат дека пратениците го „политизираат“ процесот.
-Госпоѓата Ковеси е од далеку најсилната кандидатка која највеќе ветува за оваа функција, не можеме да прифатиме Советот да попушти пред притисокот на романската влада за да поддржи многу послаб кандидат, изјави Ингеборг Гресле од германските демохристијани.
Следната рунда преговори е предвидена на 10-ти април, но по сѐ изгледа дека нема да се одржи. Во тој случај, преговорите би биле одложени за идниот парламентарен состав на ЕУ, со што постои сериозен ризик самата функција на европски обвинител да не започне со работи во ноември 2020-та како што е предвидено.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
