-->
-->
Еврокомисијата го зголеми буџетот за итни миграциски трошоци
-->
Европската комисија соопшти дека го зголемува на 464 милиони евра буџетот за оваа година, наметен за итни трошоци во областа на азилот и миграцијата.
Со денешната одлука Еврокомисијата ги зголеми средствата за 275,5 милиони евра.
Средствата во фондовите за миграција и внатрешна безбедност, кои досега не се потрошени, ќе бидат вклучени во буџетот за итни трошоци.
Првично буџетот за итни миграциски трошоци за оваа година изнесуваше 189 милиони евра.
Комисијата пред една недела предложи да бидат обезбедени 700 милиони евра за државите, кои се најмногу погодени од бегалскиот прилив. Од тие средства за Грција се предвидени 300 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност
-
Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
-
ОЈО Гостивар отвори против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
-
Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата