Еврокомесар: Брисел сака обнова на односите со Лондон по изборите
Новиот европски комесар за единствен пазар Тијери Бретон изјави денеска дека Брисел сака „обнова“ на односите со Лондон, посебно во трговијата, по победата на конзервативците на Борис Џонсон на вонредните парламентарни избори, што ќе значи Брегзит до крајот на јануари.
– Сега треба повторно да се изградат односите со Велика Британија, која е важен партнер, изјави Бретон во Брисел, изразувајќи желба трговските односи со Лондон да бидат урамнотежени.
Тој очекува на денешната средба на Европскиот совет да биде обновен мандатот на преговарачот Мишел Барние, кој со официјален Лондон веќе преговараше за Брегзит.
– Трговските односи треба да бидат продолжени. Велика Британија е многу важен партнер за ЕУ и ние сме прв трговски партнер на таа земја, изјави еврокомесарот.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот