-->
-->
Евра и златен накит украдени од куќа во Битола
-->

Непознат сторител во периодот од 18-ти до 25-ти овој месец извршил тешка кражба во куќа на улицата „Милан С. Петрески“ во Битола во сопственост на В.В. (64), при што одзел 3.650 евра и поголема количина златен накит.
Како што информира МВР, со подесен алат делувал на балконската врата, по што влегол внатре и извршил пребарување по собите, каде ги пронашол парите и златниот накит и ги одзел. При тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
