Еве зошто е добро да мастурбирате секој ден пред работа
Заборавете на кафето и јогата, ова е вистинскиот начин на кој треба да се расоните наутро. Кит Малони, основачот на „O’actually“, компанија посветена на женските задоволства, нуди четири причини зошто треба да се самозадоволувате секој ден пред да заминете на работа.
1. Помалку стрес
Оргазмите го ослободуваат телото од кортизолот, односто хормонот најзаслужен за стресот. Ќе бидете посмирени, среќни и балансирани. Кој не ги сака тие квалитети кај колегата, шефот или вработениот?
2. Подобар фокус
Мастурбирањето е како медитација. Ќе ви ги прочисти мислите, ќе бидете пофокусирани и ефективни во завршувањето на обврските.
3. Појачан имунолошки систем
Oргазмот не само што е добро чувство, туку е и добар за телото. Според една стидуија, честите оргазми го подобруваат имунолошкиот систем – луѓето што имале секс еднаш или повеќе пати неделно имаат 30 отсто повисоко ниво на имуноглобулинот А, кој го јача имунитетот. Најдобриот лек против грип!
4. Природно разубавување
Oргазмите го поттикнуваат протокот на крвта, што ви носи боја во образите, искра во очите и волумен на усните. Тие го поттикнуваат и производството на колаген, што значи понежна и поеластична кожа за вас.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест