-->
-->
„ЕУ за ТЕБЕ“ со нова кампања за поддршка на еко-активизмот, стартува од Струга и Охрид
-->
Амбасадорот на Европска Унија, Самуел Жбогар денеска ќе ја посети Струга како дел од патувачкиот ЕУ-автобус. За време на посетата, амбасадорот Жбогар ќе има дебата со средношколците за „Визијата на младите за Европската Унија“ проследена со велосипедско родео за најмладите.
Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, карванот ќе продолжи во Охрид каде амбасадорот Жбогар ќе го објави почетокот на нова кампања под брендот ‘ЕУ за ТЕБЕ’. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот.
-Граѓанските иницијативи и активистите веќе го започнаа пролетното чистење на земјата и ‘ЕУ за ТЕБЕ’ го поддржува еко-активизмот во Северна Македонија со слоганот ‘За чисто како дома исто’. Делегацијата на ЕУ ќе ги поддржи т.н. херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е твое. А промени настануваат преку давање пример – од страна на поединци или на општините, се посочува во соопштението.
Кампањата ‘За чисто како дома исто’ ќе започне со средба на амбасадорот Жбогар со еколозите и активистите од Охрид и Струга.
Кампањата ги следи активностите на ЕУ автобусот кој вклучува посети на осум градови во периодот од 20 до 31 мај, како и спортските ‘ЕУ за ТЕБЕ’ активности планирани за периодот од 31 мај до 19 јуни низ земјата.
Граѓаните ќе имаат можност да се регистрираат како еко-активисти и да земат учество во акциите за чистење организирани во нивните градови. И активистите и општините ќе можат да учествуваат во предизвикот ‘пред и потоа’.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок