ЕУ вети над една милијарда евра помош за Сирија меѓу 2018. и 2019.

Европската унија вети дека ќе отпушти хуманитарна помош за Сирија во износ од 560 милиони евра за 2018 година и иста толкава сума за 2019 година, изјави денеска високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, која ја отвори во Брисел меѓународната донаторска конференција за Сирија.
- ЕУ целосно ги исполни ветувањата за 2016 година, го задржа нивото на поддршка за 2017 година. Ги испочитувавме заложбите за ниво од 560 милиони евра во 2018 година и уште толку во 2019 година, рече Могерини.
Храната и лековите, како и други неопходни работи, кои ќе бидат купени со тие средства ќе бидат распределни преку меѓународните невладини организации и агенциите на ОН.
Хуманитарните напори треба да бидат спроведени со реален напредок на преговорите во Астана за стопирање на огнот во Сирија и на средбите во Женева, каде се бара политичко решение за сирискиот конфликт, нагласи Могерини.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
