ЕУ: Нормализација на односите со Србија е национален интерес на Косово
Од национален интерес за Косово е да ги реши отворените прашања со Србија преку нормализација на односите, изјави претставничката на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова.
Како што јави дописникот на МИА, Апостолова вели дека ЕУ очекува Белград и Приштина, што поскоро да се вратат на преговарачка маса и што е можно побрзо да биде формирана Заедницата на српски општини.
- Прво, стабилните односи меѓу двете земји, пред се ќе го подобрат животот на луѓето. Второ, ќе се подобрат внатрешните односи во Косово, меѓу Србите и Албанците на реципрочен начин. И трето, тоа ќе му помогне на Косово да постигне напредок на својот европски пат, смета Апостолова.
Според неа, дијалогот Приштина-Белград е средство кое ги комбинира трите процеси.
- Затоа од национален интерес за Косово е да учествува во овој процес и да игра проактивна и коструктивна улога, додава таа.
Во тој контекст, според Апостолова, треба да се гледа и на Договорот за формирање на Заедница на српските општини.
- Двете страни се договорија за олеснувачки дијалог од ЕУ. Тоа е во рамки на дијалогот од кој ЕУ очекува односите меѓу страните уште повеќе да се нормализираат и Заедницата на српски општини да се формира што е можно побрзо. Напредокот во дијалогот е еден од предусловите за двете земји да напредуваат на нивниот пат кон ЕУ, изјави шефицата на Мисијата на ЕУ на Косово, додавајќи дека „страните треба да се вратат на преговорите без никакво одложување“.
Апостплова нагласи дека веруваа оти дијалогот е „успешна приказна и треба да продолжи што побрзо“.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички