ЕУ: Неприфатлива употреба на непропорционална сила против демонстрантите во Иран
Европската унија денеска ја оцени какÐ ¾ „неоправдана и неприфатлива“ „несразмерната употреба“ на сила против демонстрантите во Иран, по деветдневните протести поради смртта на Махса Амини, во кои загинаа 41 лице.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, исто така, ја осуди одлуката на иранските власти драстично да го ограничат пристапот до Интернет и да ги блокираат платформите за размена на пораки. Борел рече дека тоа е „флагрантно кршење на слободата на говорот“.
Протестите во Иран почнаа на 16 септември, на денот на смртта на Махса Амини (22). Таа беше уапсена на 13 септември поради кршење на строгиот исламски кодекс на облекување. Таа падна во кома и почина во болница, но не е јасно што ја предизвикало нејзината смрт.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата