ЕУ ја осуди одлуката за нови израелски колонии на палестинска територија

Европската Унија ја осуди одлуката на израелската влада донесена вчера за етаблирање нова колонија во јорданската долина.
Владата во Тел Авив, иако техничка, одобри нов проект во населеното место Мево’от Јерихо, град кој се наоѓа северно од Мртвото море и еден од најголемите арапски градови во јорданската долина.
ЕУ потсетува дека колониите на палестинска територија се нелегални и забранети согласно меѓународното право, потсети ЕУ.
ЕУ го повика уште еднаш Израел да стави крај на населувањето и да ги отстрани сите колонии етаблирани во последните осумнаесет години.
-Оваа одлука следува по скорешните најави за можно анектирање на јорданската долина и областа на северното Мртво море. Ваквите чекори, ако се имплементираат, претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право, ја ставаат во опасност одржливоста на решението за две држави и ја загрозуваат регионална стабилност и изгледите за одржлив мир, реагираше синоќа службата за надворешни работи на ЕУ предводена од Федерика Могерини.
ЕУ предупредува дека нема да признае ниедна промена на границите од пред 1967 година, вклучително и во однос на Ерусалим, освен ако не се резултат на договор помеѓу двете страни.
-ЕУ ќе продолжи да ја надгледува ситуацијата од блиску и ќе реагира согласно, очекуваме од двете страни, вклучително и идната израелска влада, да се однесуваат согласно меѓународното право.
Вчера се одржаа нови парламентарни избори во Израел, на кои ниеден од двајцата главни кандидати, досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот шеф на израелскиот генерал-штаб, Бени Ганц од центристичката партија “Сино-бели“, не добија јасно мнозинство. На потег се сега преговорите за коалиции.
Досегашниот премиер Нетанјаху и неговата сопруга е инволвиран во низа корупциски скандали за кои обвинителството е решено да го гони.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
