ЕУ извори: Датум за преговори со ЕУ најдоцна во јули

Земјите-членки на Европската унија сакаат Македонија да добие датум за почеток на преговори најдоцна во јули годинава, дознава МИА од високи дипломатски извори во Брисел.
Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, бугарското претседателство би сакало датумот да биде доделен во јуни додека сеуште е Бугарија претседавач со ЕУ, но доколку тоа не биде возможно најголемиот дел од земјите-членки на ЕУ сакаат датумот да биде доделен најдоцна во јули, под австриско претседателство, „дури и да не е целосно решен спорот за името, но ако е на пат да биде решен“, велат изворите на МИА во Брисел.
Кај земјите-членки преовладувала „многу позитивна“ атмосфера кон Македонија и реформскиот напредок во државата. - Толку е позитивна атмосферата што би било тешко за Грција да блокира одредување датум за преговори и доколу Грција блокира тоа ќе биде лошо за неа, велат дипломатски извори од важна земја-членка на ЕУ за МИА.
За крај изворите на МИА објаснуваат дека повеќе земји-членки, меѓу кои и најголемите, посакуваат датум за старт на преговори да им се додели во пакет на Македонија и на Албанија, чии реформски напредок исто така наиде на многу позитивни реакции во Брисел.
Албанија исто така има билатерални спорови си Грција, но се чини дека Грција не се осмелува да оди во директна блокада, дознава МИА.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
