ЕУ годишно „расфрла“ по 22 милиони тони храна
ЕУ годишно „расфрла“ по 22 милиони тони храна, а предводник меѓу земјите-членки е Велика Британија, покажуваат резултатите од извршената анализа, која е извршена со поддршка на Европската комисија.
Податоците од анализата се добиено од шест земји на ЕУ - Велика Британија, Романија, Германија, Данска, Финска и Холандија. Од овие држави Романија расфрла најмалку храна. Истражувањето покажало дека околу 80 отсто од расфрлањето на храната може да се спречи.
Според експертите, воспитувањето на луѓето како да пазаруваат повнимателно и како да ги планираат своите потрошувачки потреби може да помогне да се спречи оваа појава, а истовремено и да се намалат трошоците за храна кај луѓето.
Заедничкиот истражувачки центар на ЕК, кој ја спровел анализата, наведува дека „големо количество храна се уште може да се конзумира, но се фрла откако ќе помине нејзинот краен рок за продажба, кој е различен од рокот на употреба на производот“.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами