ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија

Советот на ЕУ денеска го усвои 15-тиот пакет рестриктивни мерки кои имаат за цел дополнително да ја ограничат способноста на Русија да води војна против Украина. На листата на санкционирани поради заобиколување на санкциите се и деловни субјекти надвор од ЕУ, вклучително и од Кина, Индија, Србија, Иран и Обединети Арапски Емирати.
Новите мерки треба да го решат проблемот со заобиколување на санкциите и да ја таргетираат руската „флота од сенка“. Овие мерки треба да придонесат за слабеење на рускиот воен и индустриски комплекс.
„Овој пакет санкции е дел од нашиот одговор кој има за цел да ја ослабне руската воена машина и оние кои ја овозможуваат војната, вклучително и кинеските компании“, рече високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
Таа рече дека ЕУ ќе биде со Украинците на сите фронтови – хуманитарен, економски, политички, дипломатски и воен. „Нема сомнеж дека Украина ќе победи“, рече Калас.
Конкретно, Советот на ЕУ се согласи на листата на санкциoнирани да додаде 54 лица и 30 ентитети одговорни за активности кои го поткопуваат или претставуваат закана за територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.
Меѓу санкционираните се лица одговорни за депортација на деца и пропаганда, како и високи менаџери во водечки енергетски компании.
Кај ентитетите, главната цел на ЕУ се руските одбранбени компании и бродски компании одговорни за транспорт на нафта и нафтени производи по морски пат, кои обезбедуваат важни приходи за руската Влада. На списокот се наоѓаат и хемиска фабрика и цивилна руска авиокомпанија.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
