ЕУ го повика рускиот вршител на должност во Брисел во врска со смртта на Навални, истото го направија и неколку земји од ЕУ
Европската унија синоќа го повика рускиот вршител на должноста во Брисел да ја пренесе својата „огорченост“ по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во затвор, соопшти дипломатската служба на Европската унија (ЕЕАС).
Покрај ЕУ, голем број европски земји, меѓу кои Германија, Шведска, Финска, Шпанија, Италија, балтичките земји и Хрватска, повикаа руски амбасадори или вршители на должност на разговори во врска со случајот.
„ЕУ ја пренесува својата огорченост поради смртта на опозиционерот Навални, за која на крајот се одговорни претседателот (Владимир) Путин и руските власти“, се вели во соопштението на ЕЕАС.
Генералниот директор на дипломатската служба на ЕУ задолжена за Русија, Мајкл Зиберт, ја повика Русија да одобри меѓународна, независна и транспарентна истрага за смртта на опозиционерот и апелираше до Русија да го предаде неговото тело на семејството без дополнително одлагање и да им го предадат телото на блиските за да го организираат погребот.
По тој повод, дипломатијата на ЕУ повтори дека Русија треба „веднаш и безусловно да ги ослободи сите други политички затвореници како и сите лица уапсени низ цела Русија додека му оддава почит на Навални“.
Хрватското Министерство за надворешни работи синоќа го повика рускиот амбасадор во таа земја на разговор во врска со смртта на Навални.
Извор од италијанското МНР изјави дека бил повикан рускиот амбасадор во Италија по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, без да даде други детали.
Смртта на Навални (47) во арктички затвор каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна беше објавена во петокот.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници