ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.
Ова лансирање ракета, што го поттикна Токио да го активира својот систем за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот, напиша Мишел во твит. „Европската унија е во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја“, додаде тој.
Медиумите во источна Азија денеска објавија дека вооружените сили на Северна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан. Лансирањето на ракетата го осудија и САД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ