ЕУ денеска ги прошири санкциите кон Белорусија

Европската унија денеска објави дека ги проширила санкциите против Белорусија со забрана за извоз на голем број високо чувствителни стоки и технологии во таа земја, јави Бета.
Како што соопшти Европската комисија, мерките усвоени од Советот на Европската унија „ги усогласуваат санкциите против Белорусија со режимот на санкции против Русија“ и обезбедуваат казнените мерки што се наметнати кон Москва да не можат да се заобиколат преку Белорусија.
Забраната опфаќа стоки и технологии што придонесуваат за воениот и технолошкиот напредок на Белорусија и се погодни за употреба во воздухопловната и вселенската индустрија.
Меѓу забранетите стоки се и огнено оружје и муниција. Воведувањето на најновиот, 11-ти пакет рестриктивни мерки е поврзано со вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
