Етиопија формирала привремена управа за Тиграј како дел од мировниот договор
Владата во Етиопија денеска соопшти дека формирала привремена управа за северниот регион Тиграј, што е клучен чекор во спроведувањето на мировниот план за ставање крај на војната во таа земја.
Горниот дом на етиопскиот Парламент воспостави привремена администрација, а премиерот Абиј Ахмед го назначи Гетачу Реда за шеф на привремената администрација, се вели во владиното соопштение.
Воспоставувањето на привремена администрација за Тиграј е дел од мировниот договор потпишан во Јужна Африка меѓу Тиграјскиот народноослободителен фронт и федералната влада, чија цел е да се стави крај на двегодишниот конфликт.
Конфликтот заврши со прекин на огнот потпишан во Преторија минатиот ноември, откако десетици илјади луѓе беа убиени, а милиони протерани од своите домови.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани