ЕСМ: Решен е проблемот за петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици
Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час, информира АД ЕСМ.
-На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договор за снабдување, петте фирми со „ЕСМ продажба“ да потпишат и договор за откуп на киловатите електрична енергија кои сами ги произведуваат, а кои нема да ги искористат и ќе ги вратат во мрежа. „ЕСМ продажба“, која ќе ги снабдува по субвенционирана цена од 80 евра за мегават час ќе ги откупува нивните преостанати количини по цена од 80 евра минус 10 отсто, соопшти ЕСМ.
Договорите со петте фирми, се вели во соопштението, ќе бидат потпишани во текот на денот, и ќе важат од денеска.
-Воведениот принцип ќе се применува и за сите други вакви случаи, доколку се појават при пријавувања за снабдување во следните месеци, прецизираат од ЕСМ.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор