ЕСМ: ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј, кредитирана од банката
АД ЕСМ и Владата на Република Северна Македонија остануваат цврсто решени на имплементацијата на т.н. зеленото сценариот во енергетскито сектор во земјата и зголемување на бројот на производствени капацитети на електрична енергија од обновливи извори. Напорите на компанијата се препознаени од сите релевантни меѓународни институции, вклучиени во реализацијата на проектите зацртани во Стратегијата за развој на енергетскиот сектор до 2040 година.
Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Северна Македонија.
“ Горди сме што сме пионери во зелените иновации во Република Северна Македонија, каде првата соларна електрана во земјата ја заменува исцрпената термоелектрана во Осломеј”, стои во пораката на Твитер профилот на Европската банка за обнова и развој која учествуваше во изградбата на фотонапонската централа во Осломеј со 5,9 милиони евра. АД ЕСМ во оваа инсталација вложи 1 милион евра сопствени средства.
Во кругот на РЕК Осломеј, на локацијата на исцрпениот рудник за јаглен, во близина на првата фотоволтаична електрана од 10 MW, АД ЕСМ се подготвува за нова инвестиција од по најмалку 40 MW до најмногу 50 MW. И таа инсталација ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, при што АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер.
Во соработка со Европската банка за обнова и развој, АД ЕСМ ќе инвестира во изградба и на фотонапонски електрани во Битола. Првата ќе биде со инсталирана моќност од 20 MW, со просечно годишно производство од 32 GWh. ФЕ Битола 2 ќе биде со инсталирана моќност од 40 MW, со годишно производство од 70 GWh и проценета вредност од 30 милиони евра, за коишто капацитети веќе се направени пресметки за идно производство, одредено е земјиштето и завршени се студиите за приклучок. Проектот ФЕ Битола 3, пак, е со инсталирана моќност од 100 MW, со годишно производство од 170 GWh, и проценета вредност од 70 милиони евра.
АД ЕСМ изминатите три години постојано работи на проекти за зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија во Република Северна Македонија, со што државата е препозната како лидер во регионот по напорите за преминување кон нискојаглеродна економија.
Паралелно, заради актуелните случувањата во енергетскиот сектор на глобално ниво, АД ЕСМ ги става на располагање и во функција сите свои капацитети за успешно справување на земјата со енергетската криза, стои во соопштението на АД ЕСМ.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево